На Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ беа објавени фотографии на кои се гледа автомобил кој утрово влетал во нотарска канцеларија во Автокоманда.
„29-годишниот А.Р. од Скопје утрово во 05:35 часот управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, велат од МВР за Курир.
Лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повpeди и му е yкажана лекapcка помош.
Од МВР додаваат дека полициски екипи на местото на нecpeќата извршиле увид.