Во вторникот, околу 23 часот, автобус удрил во куќата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, а повредените веднаш се згрижени и причинета е само поголема материјална штета.
Возачот најверојатно поради лошите временски услови изгубил контрола над возилото во стрмната улица. Се обидел да го запре автобусот, но не успеал во тоа и удрил во куќата на Цеца при што се урнал еден столб.
Пејачката и нејзините деца во тој момент слушнале громогласен удар и истрчале да им помогнат, пренесува Блиц.
Повикале полиција и Итна помош која констатирала полесни телесни повреди кај двајца патници.
За среќа избегната е поголема трагедија, иако местото на несреќата изгледа страшно – стакло има на секаде, откорнати се две дрва и бандера.
Со брза реакција на полицијата, сето тоа е санирано.