Австрија бара работници: Објавена листата на дефицитарни професии

Австрија објави детална листа на дефицитарни професии за 2022 година, на која се наведени 66 професии, а дефинирана е посебна листа на професии за поединечни провинции.

Ова е Уредбата за професионална работна сила, односно дефицитарни занимања за 2022 година, врз основа на Законот за вработување странци, за работни места во цела Австрија.

Според објавената листа, некои од професиите кои се барани се дипломирани медицински сестри/техничари, готвачи, молери и автомеханичари, стаклари, ѕидари, бравари, кровџии, електроинженери-енергетски инженери.

На списокот на дефицитарни занимања се наоѓаат и инженери за информатичка технологија, столари, лимари, лекари, заварувачи, столари, монтери и монтери на цевки, дипломирани машински инженери, оптичари, стаклари, даночни советници, месари и други.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.