„Повеќе земји-членки на ЕУ го одбиваат почетокот на преговори со Албанија и Северна Македонија“, пишува денеска австрискиот весник Пресе, пренесе Дојче Веле.
Со оглед на тоа што за почетокот на преговорите мора да се согласат сите 28 членки на ЕУ, исклучено е дека пред летото двете западно-балкански земји ќе го направат следниот чекор кон ЕУ“.
Според Пресе, ни вчерашната посета на Брисел на македонскиот премиер Зоран Заев не смени ништо во тој однос.
„Во прв ред, Франција и Холандија силно се противат на почеток на преговорите со двете земји.
Во Франција сметаат дека на Западен Балкан треба да му се помогне но НЕ со проширување.
Отпорот на Холандија е еден чекор понапред од оној на Франција, додава Пресе.
Холандија бара и прекин на безвизниот режим за албанските граѓани. Во понеделникот Европската комисија потврди дека од Хаг стигнало такво писмо.
Целиот текст прочитајте го ТУКА