АВСТРИСКА ВЕЧЕР НА ОХРИДСКО ЛЕТО-ПОДДРЖАНА ОД КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА

Во магичниот амбиент на црквата „Св. Софија“ во Охрид, на 16 јули се одржа уште една незаборавна австриска вечер – дел од престижната програма на фестивалот „Охридско лето“. Касинос Австрија Интернешанал Македонија како ексклузивен спонзор, обезбеди поддршка за реализацијата.

Музиката не познава граници – таа ги поврзува луѓето, народите и срцата. Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук ја воодушеви публиката со изведби на дела од Гулда, Дворжак и Трајковски-Фис. Особено горди сме што дел од овој состав беше и контрабасистот Драган Трајковски – Македонец кој со години е еден од носителите на австриската музичка сцена. На програмата беа гудачки квинтети на Гулда, Дворжак и Трајовски-Фис.

Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со задоволство ја поддржа оваа вечер – симбол на културен дијалог, почит и уметност.

Како уметник и поранешен стипендист на Австриската влада, директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцкоски, изрази благодарност до австрискиот амбасадор- Мартин Памер и ексклузивниот спонзор Казинос Аустрија.

Австриската вечер на фестивалот се одржува секоја година со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Р. Македонија и Австриската влада. Вечерта е мост меѓу културите, традицијата и уметноста – и токму таквите вредности, Касинос Австрија Интернешанел Македонија ги поддржува и негува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.