На предвремените парламентарни избори во Австрија голем број на граѓани гласаа за “чудни” политички партии, како што е “Партијата на пивото”.
Во Виена оваа партија успеа да освои 0.6 проценти од гласовите, во 21, 22 и 10-тиот виенски округ. Централната тема на оваа партија во кампањата беше потрошувачката на пиво, забрана за мешање на пиво и борба против невработеноста.
Во 22-от округ оваа партија освои 0.9 проценти од гласовите, во 21-от округ 0.8 проценти од сите гласови, а во 10-от округ 0.7 проценти.
Шефот на “Партијата на пивото” Марко Пого, во видеото им порача на гласачите, најави: “Нашиот пат само што започна. Не чекаат избори во Виена во 2020 година”.