Шумахер целото богатство и го остави на сопругата, но некој друг управува со неговите милиони – Германците ја откриваат вистината

Иако поминаа 4 години откако Михаел Шумахер доживеа несреќа при скијање на Алпите во Франција, за неговта здравствена состојба не се знае ништо.

Седумкратниот шампион во “Формула 1” е сместен на семејниот имот на Женевското езеро во Швајцарија, каде за него се грижи специјален медицински тим.

И додека за неговата состојба малку се знае, полека се откриваат некои други детали од неговиот живот. Така германскиот весник “Бунте” открива што се случило со неговиот имот кој се мери во стотици милиони.

Според “Форбс”, Михаел Шумахер за време на кариерата заработил околу милијарда евра. Добар дел е потрошен на негово лечење.

Михел целото наследство и го оставил на сопругата Корина, но со неговите милиони располага неговиот татко Ролф (72). Михаел уште во 1992 година му дал на татко му полномошно, а истото важи до ден денеска.

Татко му го застапувал на почетокот од неговата кариера во “Формула 1”, во моментите кога Корина и Михаел се забавувале, но не биле во брак.

Во април 2014 година, пола година после несреќата, Корина побарала право да ги извршува сите работи на својот сопруг, бидејќи тој повеќе не бил способен.

Швајцарскиот закон предвидувал дека Корина мора да се обрати на властите, поточно во телото “KESB” кое ја осигурува заштитата на лицата кои не можат сами да се грижат за себе си.

Корина морала да се обрати до “КЕSB” во случај на барање на кредит, продажба или купување на недвижности или во случај на поголеми парични трансакции.

Иако Михаел и оставил се на сопругата, а со тоа и на децата Џини Марија (21) и Мику (19), сепак последен збор има татко му Ролф.

За среќа, во семејството Шумахер засега нема никакви кавги околу неговото наследство. Корина и Ролф се во одлични односи. Ролф живее на истиот имот во својата куќа речиси со децении.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.