Што се случува кога гром ќе удри во авион?

Удар од гром во авион е сценарио од кое се плашат и најхрабрите патници. Но, има ли причина за загриженост?

Во инцидентот кој се случил оваа недела, на лет на авиокомпанијата Ер Њу Зеланд, авион кој полетал од Окленд за Велингтон морал да се врати на аеродром поради безбедносни причини.

Авионот бил погоден од гром, а леталото е однесено на стандардна проверка и утврдено е дека не е оштетено.

Патниците, кои не биле повредени, се префрлени со друг лет поради страв од повторно летање во истиот авион.

Што навистина се случува кога гром ќе удри во авион и зошто леталото не било оштетено?

Пилотот Патрик Смит, автор на книгата „Cockpit Confidential“ вели дека ударот од гром се честа појава во авијацијата и дека авионите се направени така што се спречува влегување на електрична енергија во кабината, како и во електричниот систем.

-Секој авион во просек му се случува еднаш во година или две, а леталата се дизајнирани така што може да го издржат ударот. Оштетувањата се многу ретки. Толку ретки што патниците најчесто и не приметуваат, вели Смит.

Маму Хадад, професор и директор на „Морган-Боти“ лабораторија на Универзитетот во Кардиф објаснува дека модерните авиони се направени од лесни јаглеродни композити, прекриени со тенок слој од бакар. Тоа значи дека просторот во кој патниците седат е заштите од протокот на електрична енергија.

Причина за паника нема зашто авионот зашто авионот не е приземјен, што значи дека не е изложен на директен удар.

Она што е уште поважно е дека резервоарите со гориво не се изложени на громовите. Металот кој го опкружува добро поднесува температура до 30.000 степени целзјусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.