Железничката компанија во Јапонија се извини откако еден од нејзините возови тргнал 20 секунди порано од предвиденото време.
Управата на компанијата “Цукоба експрес”, чии возови се движат меѓу Токио и Цукобе, денес упати искрено извинување поради предизвиканите непријатности.
Во соопштението се наведува дека возот требало да тргне во 9 часот 44 минути и 40 секунди, а тргнал во 9 часот 44 минути и 20 секунди, пренесува Би-Би-Си.
“Големата” грешка се случила бидејќи надлежните не го провериле распоредот, се наведува во соопштението.
Ф.Г.