Попустот на кремот “Нутела” предизвика нереди во еден ланец супермаркети во Франција, затоа што купците се испотепале за овој производ, чија цена била спуштена за 70%.
Францускиот ланец на супермаркети “Интермарш” ја намалил цената на Нутелата од 4,5 евра на 1,4 евра, пренесува Би-Би-Си. Сите залихи на Нутела се распродале за само 15 минути.
Купувувањето меѓутоа излегло од контрола – купците започнале да се туркаат, а избила и тепачка, па морала да реагира и полицијата. Еден од купувачите рекол дека луѓето се однесувале како животни.