Што е постаро, кокошката или јајцето ? Научниците го открија одговорот на вечното прашање

Научниците од Универзитетот Шефилд и Варвик го пронајдоа одговорот на вечното прашање: што е постаро, кокошката или јајцето, пишува британски Дејли Меил.

На најчесто поставуваното прашање, луѓето во најголем број одговараат “јајцето”. Меѓутоа, научниците од Универзитетот имаат друг одговор.

Според нивното истражување, лушпата на јајцето може да настане само од протеини кои се создаваат во јајниците на кокошката, што значи дека кокошката постоела пред јајцето.

Тој протеин, објаснуваат научниците, се вика ОС-17 и делува како катализатор кој го забрзува развојот на лушпата.

Научниците во истражувањето користеле суперкомпјутер ХЕКТОР како би ја зумирале внатрешноста на јајцето и да го следат неговиот развој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.