Што е најтренди кај девојките во светот ова лето?!

08RAMENA_620x0

Овие модели се совршен избор за секоја прилика, шетање, плажа, кафе со пријателките, дури и за на работа.

Во тренд се голите раменици!

Ова лето повеќе од било кога порано во тренд е облека со голи раменици, која секому добро одговара и се вклопува со сите стилови.

Ваквата облека им дава поголема женственост на девојките, а кога ќе добијат тен, тие се уште посексипилни.

Овие модели се совршен избор за секоја прилика, шетање, плажа, кафе со пријателките, дури и за на работа. Најпопуларни се креациите во бохо или хипи стил, поради деталите во облик на чипка или етно мотиви. Б

лузите кои ги откриваат рамениците можете да ги комбинирате со пантолони со висок струк, сукња, фармерки, шорцеви.

А, доколку сакате да го истакнете струкот, фустанот затегнете го со некој каиш. Со добар избор на накит и модерна ташна, ќе бидете вистинска “тренди” дама.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.