Шок од Атина: Заев во Давос договорил промена на уставното име, Коѕијас бара македонската влада јавно да го соопшти

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за „Еуроњуз“ побара од македонската влада јавно да го соопшти договореното сложено име во Давос.

Имено, тој е загрижен што Скопје не ја подготвува јавноста за промена на името како што било договорено, додека грчката влада веќе работи на тоа. Имено во Давос било договорено сложено име ерга омнес односно за севкупна употреба, што по автоматизам значи промена на уставот. Името ќе го содржи терминот ,,Македонија’’ , а била договорена и придавка која Заев требало да јавно да ја обелодени.

За Еуроњуз тој вели:

,, Грчката влада превзема одговорност да и соопшти на јавноста дека сака промена на името, името ќе биде комплексно за севкупна употреба, специјално дефинирано и ние ова го соопштивме јавно и потенциравме дека ќе го содржи терминот ,,Македонија’’. Ние ја завршивме својата работа, јас сеуште очекувам официјално Скопје да излезе во јавноста и да каже која придавка ќе биде пред именка и јавно да ја обелодени. ‘’

Според Коѕијас во Давос двата премиера дале збор и постигнале договор, а во однос идентитетските прашања ставовите на Грција ќе бидат соопштени во понатамошниот тек на разговорите. Јазикот и националноста се дел од договореното.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.