Според логиката на Зоран Заев, земјоделците кои ќе произведат помалку во претходната година, нема да добијат субвенции.
Заев во вторникот на гостувањето во емисијата “Топ тема” на телевизија Телма го откри планот за скратување на субвенциите на земјоделците. Како што кажа тој во моментов во Министерството за земјоделство финишираат плановите за ефикасното субвенционирање, тој кажа дека мора да има конкретна цел и конкретен ефект.
„Нема субвенции братче ако не си остварил повисоко производство од лани“, рече Заев со тоа испраќајќи порака до земјоделците дека новата влада заборави на предизборните ветувања за подобар “живот”.
Со ваквиот однос, голем број земјоделци би останале без заслужените субвенции кои редовно ги добиваа изминатите години.
Сега им преостанува за време на реколтата да се молат да не падне град или да не се случи некое страшно невреме, при што покрај што би останале без значителен дел од производството, ќе останат и без државната помош на име субвенции.
На ваков начин ќе се случи само едно, а тоа е создавање на локални моќници и големопоседници, како во феудалното општество. Помоќните и побогатите производители ќе бидат во можност да се справат и да го превенираат производството од временски непогоди, како и да инвестираат во окрупнување на истото, додека останатите ситни производители ќе останат без егзистенција.
И како што заборавија на се останато што ветуваа во предизборната кампања, така заборавија и на новиот живот за земјоделците. Како ќе излезат сега пред прелажаните граѓани на кои им ветуваа брда и долини, а сега ја злоупотребуваат и газат врз нивната доверба?