За тоа ми зборуваше Симатовиќ, кој во една прилика во Шевенинген го предупреди полицискиот генерал Властимир Ѓорѓевиќ: “Немој овде да кажам колку пари доби во 2000 година”, тврди Шешељ.
Лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ тврди дека некогашниот претседател на Србија и Југославија, Слободан Милошевиќ, на 5 октомври 2000 година, односно непосредно пред падот од власт, го предале речиси сите полициски генерали, кои од странците за возврат добиле милиони долари.
Kaко што вели, детално за сето тоа слушнал уште во Хаг, и тоа од поранешниот прв човек на Државната безбедност Јовица Станишиќ и Франк Симатовиќ.
“Петти октомври победи американската разознавачка служба. Таа победи. И таа ја инструментализираше мафијата и ги поткупи генералите…. Ги имам сите непосредни сознанија за тоа, пред мене го зборуваа тоа Јовица Станишиќ и Симатовиќ. Франко во една прилика во Хаг го предупреди генералот Властимир Ѓорѓевиќ “Немој овде да зборувам за тоа колку пари доби ти за 5 октомври” – oткрил Шешељ на “TВ Хепи”, а истото го потврди и за српски “Kурир”, и притоа додал:
“Сите полициски генерали, освен Горан Радосављевиќ Гурија, биле поткупени во октомври 2000 година. Добиле милионски суми”.
Исто така, Шешељ потсетува дека од странците пари добивале и тогашните опозициски политичари, потсетувајќи дека Велимир Илиќ за тоа јавно говорел на телевизија. Парите наводно се земале во Будимпешта, и тоа без потпис.
ГИ ОДБИЛ АМЕРИКАНЦИТЕ
“НЕ СУМ КАЛИГУЛА”
Шешељ вели дека во 90-тите, пред сите во Србија, можел да работи за Американците, но не го сакал тоа.
“Не можам да работам против својот народ. Да дојдам на власт и да им служам да оние кои се непријатели на мојот народ!? Па не сум Калигула”, рекол Шешељ.