Шефот на Стручниот штаб на Победа Зоран Штерјовски по враќањето од Банско со анализа на досегашнит тек на подготовките

sterjovski-pobeda-615x400

Победа во саботата ги заврши подготовките за новата сезона во Банско и се врати во Прилеп. Следуваа два слободни денови за фудбалерите, а веќе од утре продолжуваат со тренинзи и подготовки. Тренерот Зоран Штерјовски излезе со своја анализа за подготовките во Бугарија:

-“Подготовките поминаа одлично. Се сработи се она што имавме планирано со исклучок на еден неодигран натпревар, оној со Монтана. Можеби ни недостасуваа поквалитетни противници во контролните нетапревари, со исклучок на оној со Академија Пандев, но секако дека и овие третолигашки бугарски тимови покажаа цврстина. Делуваа дефанзивно со организирана одбрана при што ние на некој начин имавме можност да организираме стрпливи напади. Имавме голем процент на посед на топка, создававме голем број на шанси, но реализацијата на тие шанси беше слаба. Во секој случај сметам дека имаме голем напредок во нашата игра и во оваа трета финална фаза, до почетокот на првенството, ќе треба да обрнеме посебно внимание токму на таа реализација, преку брза игра, со што според мене подготвени ќе го дочекаме првенството од секој аспект. До почетокот на првенството ќе одиграме уште 2-3 контролни натпревари со поквалитетни противници додека генералката би требало да биде со Пелистер, секако во зависност од утрешниот жреб за новата сезона”, истакна Штерјовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.