Шампионот падна во Прилеп: Победа стигна до драгоцени 3 бода

Победа ја прекина победничката серија на Вардар

 

Фото: fkvardar.mk

Во натпреварот од 11-то коло во македонската Прва фудбалска лига, Победа попладнево стигна до третиот триумф сезонава. На стадионот на Могила падна шампионот Вардар, а голот вреден огромни три бода за Победа го постигна Дарко Илиески во 77-та минута.

Со овој триумф прилепчани се искачија на 6-тото место на табелата и сега имаат 12 освоени бода, исто колку и Пелистер кој се наоѓа веднаш над нив поради подобрата гол разлика.

Во само 4 дена ова е втор триумф за Победа, после високите 5:1 во средата од реванш дуелот за Купот на Македонија против Брегалница.

Ова докажува дека екипата под раководство на новиот тренер Славољуб Бубоња значително ја подобри играта и сега е многу посериозен противник во лигата.

Во наредното коло Победа му гостува на фенерџијата Шкупи, каде се очекуваат нови три бода.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.