Лео Меси има повреда на мускулот и прашање е дали ќе биде подготвен да заигра во вторник против Шпанија.
Аргентина и Италија одиграа пријателски меч во петокот, во кој Аргентина победи со 2-0, но Меси целата утакмица ја помина на клупа. Тој го пропуштил и тренингот на националниот тим во саботата и тешко дека ќе биде подготвен да заигра против селекцијата на Шпанија во вторник.
Аргентинецот не криеше дека има проблеми со мускулот.
“Веќе некое време играм со болки, но не сакам да ги пропуштам утакмиците на репрезентацијата. Се надевам дека ќе бидам подготвен во вторник”, вели Меси.
Вестите кои пристигнуваат од аргентинскиот табор ги загрижија челниците на Барселона. Каталонските медиуми ги пренесуваат овие информации со голема загриженост.