ШОК ВО БАРСЕЛОНА: Судот потврди, 21 месец затвор за Меси

lionel-mesi-foto-ap-1468934500-953037

Шпанскиот врховен суд ја потврди одлуката на судот во Барселона, играчот Лионел Меси да се казни со 21 месец затвор поради затајување на данок.

Отфрлени се жалбите на Аргентинецот за пресудата од минатата година, додека казната на неговиот татко Хорхе е ублажена за 15 месеци. Имено, пресудата беше донесена поради затајување на 4,1 милиони евра данок за маркетиншки активности измеѓу 2007 и 2009 година.

Сепак, според шпанските закони, доколку претходно сте немале други прекршоци, ако казната ви е под две години, можете да ја отслужите надвор од затворот.

“Бев посветен на фудбалот, му верував на адвокатите и татко ми и нив ги овластив да се занимаваат со тие работи. Не помислив дека може да ме излажат и не верувам во тоа”, рекол Меси во судот.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.