Американка која одлучила да го убие поранешниот претседател на САД, Барак Обама, е идентификувана откако се пронајдени влакна од мачка на пакетот со експлозив кој го испратила на неговата адреса, открива извештајот на ФБИ.
Како што пренесува британски Гардијан, влакната се поклопувале со мачката која била домашен миленик на жената од Тексас, Џулија Поф (46). Според извештајот на ФБИ, Поф е обвинета за испраќање на рачно изработен пакет, на поранешниот претседател на САД.
Пакетот кој бил наменет за Обама го презела тајната служба.
Ф.Г.