ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ЦИА: Тајни групи влијаат врз владите ширум светот !

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Дојч, го шокираше светот со неговото тврдење дека постојат многу групи кои на тајни начини се обидуваат да имаат влијание врз владите ширум светот, а како пример од историјата ја наведе “Црната рака”.

“Постојат многу историски примери за групи кои оперираат во државите и покрај легитимно избраните влади. Можеби најозлогласен пример е ефикасната тајна организација “Црна рака”. Ја предводеше шефот на српската разузнавачка служба, полковникот Апис, а таа испланира завера за убиството на австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд во Сараево 1914 година. Со тоа започна и Првата светска војна”, вели Дојч.

Тој истакна дека и денес без сомневање постојат слични тајни друштва кои во САД и во другите држави сакаат тајно да влијаат врз владините активности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.