Сите сакаме да водиме хигиена за устата и да имаме што поубави и побели заби. Поради тоа често купуваме препарати (кои содржат многу штетни хемикалии) за избелување и слично.
Притоа не сме ниту свесни колку штета му нанесуваме на нашиот организам. Затоа користењето на природни препарати би било далеку поефикасен метод, подостапен, но и поевтин.
На пример, маслото од кокос можете да го ставите во устата или да го нанесете на забите. Повторете ја постапката неколку пати неделно и ќе забележите позитивни резултати што се однесува на избелувањето на забите и отстранувањето на забниот камен.
Еве два рецепти како да направите здрав раствор за хигиена во устата.
Состојки:
неколку капки масло од нане
пеперминт
лимон
анис
Само ставете по неколку капки од овие масла во чаша со вода и исперете ја устата.
Втор рецепт:
пола шоља свеж рузмарин
1 шоља од свежо нане
2 шољи вода
Припрема:
Ставете ја водата да зоврие, потоа додајте ги билките и варете уште неколку минути. Потоа оставете ја смесата да мирува неколку минути, процедете ја и оставете ја да се олади. Со проладената смеса исперете ја устата.
А/Г/