Кандидатурата на Стефан Богоев за градоначалник на Карпош на претстојните локални избори наиде на разочарување кај партиското членство. Сметаат дека СДСМ со ваквата одлука, на изброите може да очекува пораз во Карпош.
Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од Битола, како и кандидат за пратеник на СДСМ во САД на изборите во декември минатата година, Зоран Ивановски, на својот ФБ профил пишува дека Стефан Богоев не е добро решение за Карпош и јавно го нападна.
На коментарите на Ивановски се приклучи и Душко Илиевски, Душко Млекарот, кој вели дека како што тргнале СДСМ на овој начин, брзо ќе бидат сменети.
И Саше Ивановски Политико смета дека СДСМ можеле да најдат подобро решение од Богоев.
Стефан Богоев (28): Младиот олигарх направил 178.000 евра за време на „режимот“, а мама и тато имаат 5 стана, 1 куќа, 3 коли и плац во Скопје
Пријавениот имот на карпошанецот Стефан Богоев, кој во 2013 година беше избран за лидер на младите социјалдемократи, стекнат во време на режим вреди 10.920.000 денари, односно околу 178 илјади евра.
Во десетте години диктатура, семејството на дипломираниот економист спечалило куќа во Скопје, земјоделско земјиште во Скопје, стан во Охрид и четири моторни возила. На свое име Богоев поседува еден од автомобилите, „априлија скарабео“ во вредност од 80.000 денари. Другиот имот е на име на неговите родители.
Пријавениот имот на карпошанецот Стефан Богоев, кој во 2013 година беше избран за лидер на младите социјалдемократи, стекнат во време на режим вреди 10.920.000 денари, односно околу 178 илјади евра.
Извор: Курир