Не е исправна водата за пиење од четири чешми на исто толку локации во Прилепско. Водата од чешмата на Плетвар, кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во Лениште, Ореовец и селото Плетвар што се наоѓаат среде селата, не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
Овие се препораките на медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места.