Четиринаесет лица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

Најмалку 14 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на клучката на автопатот Куманово – Скопје.

 

soobrakajni-nezgodi

Несреќата се случила вчера попладне пред 18 часот и во неа според првичните информации учествувале џип, автобус и уште едно возило.

– Од повредените 14 лица, десет се од автобусот, а четворица од џипот и се државјани на Р. Албанија. Двајца од нив поради карактерот на повредите се испратени на скопските клиники, а двајца се задржани за понатамошно лекување на одделението за хирургија во Куманово и се надвор од животна опасност, изјави директорот на кумановската болница, Ариф Латифи.

Останатите десет повредени, патници од автобусот, по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на несреќата извршија обвинител и екипа на СВР Куманово, од каде најавија детални информации во текот на денешниот ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.