На 11.06.2017 во организација на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп во центарот на Прилеп, се одржа четвртата детска лига во бокс на Македонија.
Поради временските неповолности учествуваа само три клубови од Македонија. Боксерски клуб “АС” Прилеп, Боксерски клуб “Аперкат” oд Скопје и Боксерски клуб “Пинк Пантер” од Штип. Пријавени беа 14 боксери, а се одржаа 8 борби.
“Организацијата помина во најдобар ред. Младите боксери покажаа одлична техника и борбеност. Наградата за најборбен пар ја доделија Дарко Чатлески и Мумин Вели на најатрактивните борци Дино Костовски од “АС” – Прилеп и Петар Арсовски од “Аперкат” – Скопје, кои покажаа одлична борба. Голема благодарност до покровителите на овој настан, “Пица Хепи” и месна индустрија “Марфил” oд Прилеп. На крајот имаше заеднички ручек за сите боксери и тренери, а беа доделени и благодарници за поддржувачите на овој настан”, изјави Дарко Чатлески, тренер на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп.
Редослед на борбите:
1. Бојан Георгиески АС VS Михаил Нанчески АС
2. Димитар Ангелески АС VS Дамјан Талимче АС
3. Ѓорѓи Огненоски АС VS Александар Георгиески АС
4. Александар Панов Пинк Пантер VS Иле Костовски АС
5. Алиџан Демиров Пинк Пантер VS Бојан Нанчески АС
6. Петар Арсовски Аперкат VS Дино Костовски АС
7. Марио Ефремов Аперкат VS Мартин Алекссоски АС
8. Александар Панов VS Илче Малиноски АС