По повод големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, градоначалникот Марјан Ристески упати честитка до сите верници од православна вероисповед што денеска го празнуваат овој празник и воедно им го честита денот на рударите. По тој повод градоначалникот Ристески денеска ги посети црквите „Св. Благовештение“ и „Св. Петка“, како и манастирите и црквите во населените места. Во манастирот „Св. Ѓорѓија“ – Дервен, денеска се служеше празничен ручек по повод денот на рударите. Градоначалникот Ристески на сите рудари им го честита празникот и им посака да ги следи добро здравје и да постигнуваат уште поголеми успеси. Во попладневните часови, празнувањето продолжи преку игра, оро и песни во знак на одбележување на десетгодишното постоење на НВО „Мајка Традиција“.