Чесните луѓе се во долгови до гуша, а старлетите купуваат стан од 250.000 евра во кеш: Се бара потекло на парите!

Движењето за обнова на Кралството Србија бара од надлежните да го истражат имотот на старлетите, а по повод медиумските натписи дека „естрадната личност“ Сораја Вучелиќ купила стан во Белград кој го платила 250.000 евра во готовина.

Во соопштението на ПОКС се укажува дека секојдневно сме сведоци на вести од кои дознаваме дека девојки кои се нарекуваат старлети, се фалат со скапи автомобили, патувања, станови.

Според нив тоа најдобро може да се види од примерот на кој старлетата може да плати во кеш стан од 250.000 евра, а на пример универзитетски професор мора да земе кредит за некако да го реши станбеното прашање.

-Злото да биде поголемо, професорите, лекарите, стопанствениците уредно плаќаат данок на државата, а старлетите не – велат од ова движење.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.