Чесите и завртија грб на Европа: Врските со Русија и Кина поважни од Европска Унија (ВИДЕО)

Досегашниот претседател на Чешка Милош Земан освои нов 5-годишен мандат со победата во вториот круг на претседателските избори во оваа земја. Неговиот противкандидат Јиржи Драхош го призна поразот.

“Би сакал да му честитам на победникот за изборот”, рекол Драхош пред насобраните симпатизери

Се вели дека после обработените резултати од 94,95 % од избирачките места, Земан е во водство со 52,16 % освоени гласови, додека поранешниот претседател на Академијата за науки на Чешка, има освоено 47,83% од гласовите.

Земан се залага за поблиски односи со Русија и Кина, додека Драхош е наклонет кон ЕУ.

Ројтерс порано објави дека многумина на овие избори гледаат како на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за актуелниот претседател Земан, поранешен премиер на левиот центар кој направи остро свртување надесно.

Земан, во првиот круг на гласање, освои најмногу гласови од вкупно 9 кандидати за претседател, но сепак недоволно да го избегне вториот круг, потсетува агенцијата АП.

Земан тогаш освои 38,6%, а Драхош 26,6 % од гласовите. Според Уставот на Чешка, претседателот одбира премиер после општи избори.

Чешката влада предводена од Андреј Бабишем поднесе оставка во средата бидејќи и се изгласа недоверба, но Земан веднаш поабра од Бабиш одново да се обиде да формира влада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.