Чатлески најавува вистински боксерски спектакл на “Фламинго Боксинг Најт”

На ден 23.09.2017 год. во казино “Фламинго” во Гевгелија  ќе се одржи професионална боксерска ревија под наслов “FLAMINGO BOXING NIGHT”.

Организатор на оваа ревија е Балканската Боксерска Промоција на  чело со промотерот Ненад Боровчанин. Балканската боксерска промоција досега има организирано неколку настани во Србија под мотото  “ВРАЌАЊЕ НА БОКСОТ”, a под истото мото ќе биде и овој настан.

Комисија на настaнот ќе биде “Про Бокс Македонија”, инаку полноправен член на Европската Боксерска унија “Е.Б.У.”

Од страна на П.Б.М делегирани се четири најдобри македонски судии, a мечмејкер е прилепчанецот Дарко Чатлески.

На овој настан нашата замја ќе ја претставува нашиот најдобар боксер во супер лесна категорија Денис “bad boy” Муаремовски. Борбата ќе биде во 4 рунди по 3 минути.

“Денис е во одлична форма, добар, тврд и боксер со големо срце. Два месеци се припрема за овој меч. Мислам дека ќе дебитира со победа, првата победа во профи боксот е многу значајна. Неговиот противник е Теодорос од Грција со скор 1-1-0, но Денис има доволно успеси и искуство во аматерските води така да одиме на победа”, истакна Дарко Чатлески.

Исто така големо внимание привлекува борбата помеѓу Шериф Гурдијелјац од Србија со скор 13-4-0 и бившиот ВБА светски шампион Лорензо Пара од Шпанија со скор 32-13-2.

Овој меч е предвиден да биде 8 рунди по 3 минути. Настанот дирекно ќе се пренесува на СПОРТ КЛУБ 3 Teлевизија, во 22:00 часот.

 

 

 

Fight card:
1. -63.5 kg. Denis Muaremovski (MKD) vs. Panagiotis Matssagos (GR) 4×3 r.
2. -79.3 kg. Filip Stankovic (SRB) Vs. Theodoros Mpoukakis (GR) 4×3 r.
3. -61.2 kg. Serif Gurdijeljac (SRB) Vs. Lorenzo Parra (ESP) 8×3 r.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.