Фудбалскиот свет вечерва беше сведок на епски триумф на “Римската волчица” над “моќната” Барселона.
По убедливата предност во првата контроверзна утакмица, фудбалерите на Барселона релаксирано влегоа во овој натпревар. Го потценија противникот, па затоа доживеаа тежок удар по кој тешко дека ќе се опорават.
Един Џеко е херојот кој во 6-та минута ја започна вечерашната серија на Рома. Првото полувреме заврши во знакот на многуте шанси на италијанскиот тим, но резултатот не се промени, остана 1-0 за Рома.
Во 58 минута Пике фаулираше во шеснаесетникот и беше досуден пенал за Рома. Де Роси не подпадна под притисокот и сигурно реализираше. Во тој момент веќе се најавуваше чудо.
Во 82-та минура Манолас го постави крајниот резултат и со глава срелаше во голот на Тер Штеген за конечни 3-0. Рома имаше постигнато еден гол во гости па затоа ќе продолжи во полуфиналето.
Овој тим на Рома веќе гради историја и ќе продолжи да го живее фудбалскиот сон, а Барса ќе мора да се задоволи со освојувањето на Шпанската лига.
ВО другиот натпревар вечерва, Ливерпул го доврши она што го започна дома и повторно славеше со 1-2 против Манчестер Сити.