Истражувањата покажуваат дека лукот има антиканцерогени својства.
Лукот има силно дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство кое лесно може да се спореди со најдобрите антибиотици, но кога го конзумирате на празен желудник, дејството е многу посилно.
Научниците потврдија дека конзумирањето бел лук на празен желудник го зголемува неговото дејство како природен антибиотик.
Лукот содржи околу 400 активни состојки, богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сумпор и фосфор.
Лукот го олеснува протокот на крв, го намалува крвниот притисок и маснотиите во крвта, како и ги отстранува болестите на срцето.