ЧИСТКА ВО ПРИЛЕП: Воспитачките добија “воспитна” и дирек дома по посетата на Градоначалникот!?

Се сеќавате на ветувањето дека никој од вработените нема да остане без работа?

Новиот живот и лажните ветувања на Илија Јованоски секојдневно кулминираат со реваншизам кон се што не е “негово и партиско”?!
9 воспитувачки
1 садомијачка
1 медицинска сестра
6 негователки
+ Кривогаштани 2 воспитувачки и 2 негователки од 1 јануари остануваат без работа.

Новата власт наспроти најавувањето за проширување на капацитетите и осовременувањето на градинките, само неколку дена откако се сликаше, дел од вработените лицемерно ги отпушта од работа.

Власта останува глува и на реакцијата на родителите кои загрижени за своите деца имаат доставено и петиција од 80 родители до градоначалникот за непроменување на кадарот, зошто им се прави немир на нивните деца кои се навикнати на своите воспитувачи кои ги водат како група повеќе години.

Дали новоотворената градинка “Работнички” ќе остани без кадар како и новоотворените градинки во селата?!
Новата власт нема никакво решение и нема обезбедено согласности за трајно решавање на овие места. Дали противзаконски без оглас и лиценци ќе се донесат нови лица кои ќе ги заменат оние кои до сега си ја вршеа работата професионално и на кои се навикнати децата?!

Дали градинката “Работнички” и тие по селата ќе се затворат и што со децата кои одат во овие градинки?

Зошто нема одговор на петицијата на родителите и не се разговара со истите иако неколку пати имаат побарано прием кај градоначаникот и имаат доставено петција за останување на дел од постоечкиот кадар во интерес на нивните деца?Револтирани родители денеска телефонски разговарале со директорката која немала одговор.

Ако се затвараат штотуку отворените градинки од претходната власт, како ќе се градат нови и ќе се решава овoј проблем или е само уште една предизборна лага и големо лицемерие. Битни им се партиските интереси и интересите на нивните војници на сметка на интересите на децата и родителите,истакнуваат револтираните родители. Каде е воведувањето на втората смена?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.