Црн викенд во Македонија: Шестмина загинаа во сообраќајки

soobrakajka-1-1-640x427

Црн викенд во Македонија, изминатите три дена има многумина загинати на патиштата, а има и голем број повредени лица.

Завчера во 02 часот по полноќ на магистралниот пат Кочани-Штип, кај место викано „Чифлички бунар“ во атар на селото Чифлик, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со штипски регистарски ознаки управуван од 55-годишниот С.М. од населба Оризари, во кој се превезувале околу 58 патници и патничко моторно возило “Сеат Кордоба“ со кочански регистарски ознаки управувано од 28-годишниот Љ.Л. од Кочани, при што за жал починале Љ.Л. и Р.Т., додека Д.П. починал во возило на Итна медицинска помош на пат за Болница. Останатите патници се пренесени во Јавна здравствена установа Кочани, каде Г.К. е задржан на лекување а А.М. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани телесни повреди.

Во 02 часот по полноќ на регионалниот пат Виничка крстосница-Виница, во близина на мостот на река Брегалница, се случила сообраќајна незгода. Полицијата информира дека патничко моторно возило “Пасат“ со винички регистраски ознаки излетало од патот. Со него управувал 20-годишниот А.М. од Виница кој за жал починал на лице место.
Голема трагедија во која две лица загинаа се случи и во Штип. Несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути, во неа учествувале 4 возила, а засегнати биле 6 лица во возилата.

– За жал, на лице место од внатрешни повреди и крварење почина  70-годишниот С.Ј. од Делчево, додека 61-годишната Д.А., исто така од Делчево, со внатрешни повреди и скршеници по раце и нозе почина во Клиничката болница во Штип, а нејзиниот син и снаа со тешки телесни повреди се задржани во Клиничката болница Штип, додека другите две лица се со полесни повреди, велат од болницата.

Во текот на викендот и обид за самоубиство ја потресе Македонија, кога во Куманово жена скокна од трети спрат, а сега се бори за живот. Во неконтактибилна состојба била пренесена во болница.

Изминатиот викенд исчезнаа и две деца, од кои едното деветгодишно од Чаир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.