Црковниот храм Св. Петка широко ги отвара духовните врати: Храмот прекрасен и исполнет со љубов и топлина (ФОТО)

Во велелепниот храм посветен на Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка во населбата Точила во Прилеп, верниот христијански народ молитвено сочувствуваше со страданијата кои Господ Исус Христос ги претрпе на денешен ден за сите нас и достојно го одбележа овој празник, Велики Четврток, во кој со страв празнуваме и правиме спомен на четирите страшни и неискажливи настани: светото миење на нозете од учениците Христови, востановувањето на Тајната Вечера т. е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и јудиното предавство на Господа Исуса Христа.

Во пресрет на утрешниот ден, Велики Петок, храмот Св. Петка во населбата Точила, ширум ги отвора духовните врати за сите православни христијани да се поклонат и да ја целиваат Светата Плаштаница на која е изобразено положеното тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.