Цеца во страв дека ќе и ги објават разголените фотографии

Со денови на социјалните мрежи кружи фотографија од гола жена која лежи на стол за масажа, за која се мисли дека е токму балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

Жената на фотографијата нема облека на себе, а на сликата се гледаат и машки раце преку нејзините гради. Српски “Курир” дознава дека тоа не е единствена фотографија, туку дека на Цеца некој и се заканува дека во јавност ќе бидат објавени сите снимки.

Пејачката поради тоа наводно поминува низ агонија, па случајот го пријавила во полиција.

“Решила работата да ја преземе во свои раце. Прво полиција, а потоа и разговор со администраторите на Инстаграм, Фејсбук и другите социјални мрежи. И минатата година Цеца поминуваше низ слична ситуација , само што тогаш не и придаде толку големо значење, затоа што фотографиите не се делеа масовно како овие”, пишува порталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.