Цел месец јадел нездрава храна полна со шеќер и сол, а потоа посетил доктор и бил запрепастен од резултатите

Нутриционистите советуваат да правиме избор на здрава храна со цел да ја задржиме нормалната тежина и да го зачуваме здравјето

Марк Хауб, професор по нутриционизам решил 10 недели да јаде само нездрава храна и на секои три часа да изеде по нешто благо, со цел да види што ќе се случи со неговиот организам.

Тој во исхраната уфрлил и чипс и орео, кои ги јадел често. Неговата претпоставка била дека е важен бројот на калории кои ќе ги внесе во организмот, но не и видот на храна која ја конзумира.

Со цел да спроведе експеримент започнал да внесува помалку од 1.800 калории дневно, за разлика од претходно кога внесувал до 2.600 калории. За да успее да ослаби решил да го контролира бројот на внесени калории, но и тие кои ги троши.

Резултатите биле запрепастувачки. Покрај тоа што успеал да ослабе 12 килограми за 10 недели, го смалил својот индекс на телесна тежина од 28,8 на 24,9. Лошиот холестерол се симнал, како и процентот на масти во организмот, кој опаднал од 33,4 на 24,9 %.

За да ги постигне овие резултати избегнувал месо, житарици и овошје, а кога започнал да внесува месо во исхраната, му се зголемило нивото на холестерол. Планира да додаде плус 300 калории во исхраната кога ќе ја прекине диетата, но нема да се откажи од брзата храна и благите работи. И покрај постигнатите резултати Марк советува никој да не се придржува на овој начин на исхрана.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.