Трет ден прилепчани масовно ја потпишуваат граѓанската иницијатива против Нацрт-Стратегијата на Министерството за труд и социјална политика за интеграција на бегалци и странци 2017-2027.
Редици граѓани деновиве се собираат пред штандот на плоштадот “Методија Андонов -Ченто” во центарот на градот, каде го даваат својот потпис против доселување на мигранти од Блискиот Исток во нивниот град и изградба на стамбени згради за домување.
Медиумите пишуваа дека оваа стратегија на министерството опфаќа изградба на 14 стамбени згради во близина на прилепските касарни, простор кој ќе биде населен со нови соседи за прилепчани.
И додека експресниот пат Прилеп-Градско, реконструкцијата на старата градска чаршија, новите спортски сали во oсновните училишта “Блаже Конески”, “Кире Гаврилоски” и “Кочо Рацин”, реконструкцијата на спортската сала “Македонија” …., беа проекти кои не наидоа на поддршка кај владата на СДСМ, овој проект е главен и единствен кој се подготвува за Прилеп.
Минатата недела советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” иницираа дебата во Советот на општината по оваа стратегија и кажаа не за истата, од друга страна советниците од СДСМ ја напуштија седницата и се откажаа од дебата.
Граѓаните видно револтирани и гневни по ова прашање се обединија околу граѓанската иницијатива “Будење” и побрзаа да ги дадат своите потписи против мигранти во градот под “Maрковите Кули”.
Стравот кај нив особено е голем, ако се има во предвид дека во овие групи мигранти кои изминатите години се населија во западно-европските земји, имаше и такви кои претходно војуваа на боиштата на страната на Исламска Држава.
А/Г/