Малиот рај кој беше од корист за сите граѓани на Прилеп и каде секојдневно голем број прилепчани пиеа кафе и уживаа во чистиот воздух, повеќе го нема.
Рано утрово околу 05:30 часот се слушнала силна експлозија, при што објектот кој беше граден од дрво, заедно со летната бавча, масите и столчињата, целосно изгорел.
Моментално се прават проценки на штетите, а не се исклучува можноста дека пожарот е подметнат.
Инаку објектот во кој можеше да се купат пици, тостови, топли и освежителни пијалоци, функционираше под Јавното комунално претпријатие Комуналец.