ЦЕЛА ПАРТИЈА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА: Животот дојде но само за одбрани луѓе, оние кои шетаа по улици со прстот во уста

Дека има масовна партизација на институциите е доволно да се отвори сајтот на Бирото за јавни набавки каде ќе може да се види дека речиси секоја општина има распишано постапка за привремено вработување без некои конкретни услови или критериуми што треба да се исполнат.

Фрчат огласи за вработување во државната и јавната администрација. Речиси и да не помине ден кога Владата предводена од СДСМ има распишано оглас за вработување.

Иако во предизборниот период ветуваа намалување на државната администрација и стопирање на сите вработувања, веќе 8 месеци како се на власт и покрај сите препораки од ЕУ дека администрацијата ни е превработена, сепак вработувањата никако да запрат.

Во таканаречениот план за итни реформски приоритети насловен како 3-6-9, СДСМ вети дека администрацијата ќе биде професионална, отчетна и непартиска се со цел да биде ставена во функција на граѓаните.

Емисијата„Проверено“ на 24 Вести, излезе со детална анализа за масовната партизација во владините институции. Таму обвинуваат и за непотизам и јасно предочуваат кој, каде и како вработувал.

Драги Рашковски не е единствениот од СДСМ кој си ги вработува своите најблиски. Така на пример градоначалнилката на Битола, Наташа Петровска си го вработи својот брат кој бил единствен пријавен на конкурсот за наставник во едно од училиштата. Во ова не заостанува ни нејзиниот партиски колега градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски каде речиси по истиот пример си ја вработи својата сопруга.

Ист таков пример ни доаѓа и од Неготино каде градоначалникот Тони Делков и таму си ја вработи својата сопруга. Во сите овие случаи како единствени кандидати за овие работи места се јавуваат брачните другари на градоначалниците.

Ова е класичен судир на интереси и се коси со законот за судир на интереси кои овие градоначалници на еден дрзок начин ги прекршуваат. Но ова е само капка во морето што го прават партиските функционери на СДСМ. Секојдневно се објавуваат огласи за високи позиции во државата без најосновните критериуми за тоа како некој треба да влезе на работа.

Емисијата “Проверено“ отркива фрапантни докази за паризираноста на администрацијата. Од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев дури тројца вработени се во управни или надзорни одбори. Значи малку им е платата што ја добиваат од Владата како редовно вработени, па сега како докажани професионалци дополнително се “наградени“ со уште плус дополнителни приходи. Поранешната новинарка Марина Узунов, а сегашна вработена кај Анѓушев е дополнително вдомена во управниот одбор на ТИРЗ.

Другата вработена која воедно и му е шеф на кабинет, Софче Јовановска е назначена за член на надзорниот одбор на “Македонска Банка за обнова и развојот“.

Дека има масовна партизација на институциите е доволно да се отвори сајтот на Бирото за јавни набавки каде ќе може да се види дека речиси секоја општина има распишано постапка за привремено вработување без некои конкретни услови или критериуми што треба да се исполнат.

Разликата од ова вработување со редовното е тоа што лицето кое е примено со овој ангажман, после три месеци се стекнува со статус на редовно вработен. Сведоци бевме дека во последниот период стотици и стотици луѓе под изговор дека им завршиле договорите, беа на некој начин отпуштени од своите работни места, додека на нивни луѓе беа носени партиски членови на СДСМ.

Тоа најмногу се почувствува во образовните институции каде им беа прекинати договорите на бремени жени, самохрани мајки или луѓе на кои тоа им било единствениот приход. Сепак животот што го најави СДСМ дојде само за нивните членови.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.