Хуманоста не познава граници! Прилепчанец му помогна на немилосрдно оставен коњ пред училиштето “Ристе Ристески-Ричко” (ФОТО)

На барање на локалната самоуправа и граѓаните од населбата “Точила”, ветеринарниот техничар од ПТК “Ветеринарна клиника Прилеп” Методија Талески излезе на терен и му помогна на немилосрдно оставен коњ кој во лоша состојба бил оставен пред средното училиште “Ристе Ристески – Ричко”.

Според фотографиите животното е во многу лоша состојба, изгладнето и оставено на милост и немилост.

За сега не е познато кој е сопственик на животното, но овој гест е за секоја почит и за поклонување.

Секоја чест докторе!

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.