Хуманитарен предвелигденски концерт на црковниот хор „Света Петка“ во Прилеп

Во среда на (04.04.2018) со почеток во 19.00 часот, црковниот хор „Света Петка“ , организира хуманитарен предвелигденски концерт со православна духовна музика во црквата „Света Петка“ во населбата „Точила“ во Прилеп. Собраните средства од овој едночасовен концерт ќе бидат наменети за помош на граѓаните што се борат со одредени болести.

„Во духот на претстојните празници ќе се одржи хуманитарен концерт. Целта е граѓаните што сакаат да слушнат музика којашто соодветствува на Велиден, да можат да донираат колку што можат пари, што ќе бидат искористени за хуманитарани цели. На два до три штанда ќе се продаваат цедиња со православна духовна музика, книги што ги донираат членовите на хорот и книги од храмот ‘Света Петка’ по минимална цена“, најави Гоце Секулоски, диригент на хорот „Св. Петка“.

Тој упати покана до сите граѓани коишто се во можност, да ја поддржат оваа хуманитарна акција на црковниот хор.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.