Хрватските медиуми ја бомбардираа УЕФА со негативни коментари за доделената организација на Супер Купот на Македонија.
“Некој “MНОГУ ПАМЕТЕН” во УЕФА одлучил утакмицата од Европскиот Супер Куп помеѓу Реал и Манчестер да се одигра во Скопје”, пишува хрватскиот портал Индекс.
“Инаку, овој потег на европската фудбалска унија би бил за пофалба, сметајќи дека добро е на помалите и посиромашни да им се даде шанса да се најдат на исто ниво како големите и богатите и во нивните држави да може да се одржуваат утакмици од највисок ранг”, додава порталот.
“Да се одигра ваков меч во Скопје за време на летна жега, е доказ за елементарна неукост и лошо планирање. Затоа што Македонија во ова доба од годината е пекол на земјата. Таа е убава, но во лето треба да се избегнува”, завршува порталот.
Епа драги Хрвати “у вашем лепој” немате стадион од прв ранг, а УЕФА не дава организација на стадиони кои се за “сеоски фудбал”. Ви порачуваме да си ги соберете поганите усти, да изладите доволно пиво и да уживате во спектаклот кој ќе се случува денеска во Македонија, нешто што кај вас којзнае дали ќе се случи.
A/Г/