Хотели во Ровињ бараат 2700 работници: Добра плата, два оброци, сместување и додаток на плата

Туристичката компанија “Маистра” објавила оглас за работници во хотелите во Ровињ, и тоа за 2700 работници.

Денот определен за отворени интервјуа е 28 февруари од 11 до 18 часот во хотелот “Лоне” во Ровињ, а сите заинтересирани можат да отидат и да имаат прилика да разговараат со претставниците на “Maистра”, но и да остават своја лична биографија.

Kaко што велат од оваа компанија за “Телеграф.рс”, Денот за отворени интервјуа e шанса за сите амбициозни личности кои бараат работа и градење на кариера во туризмот.

Потенцијалните работници така, од прва рака, низ разговор со претставниците од хотелите, ќе ги добијат сите потребни информации поврзани со условите и начинот на работа на одредено работно место – рецепција, кујна, ресторан, анимација, и.т.н.

На кандидатите кои ќе ја поминат селекцијата и ќе станат дел од тимот на Маистрин, им се пружа можност да работат преку целата година во хотелите “Монте Мулини”, “Лоне”, “Еден” и “Адриатик”.

Најдобрите од нив, ќе имаат прилика да работат и во новиот хотел “Гранд Парк Хотел Ровињ”, чие отварање се очекува оваа година.

Како што велат од комапнијата за “Телеграф.рс”, оваа година ќе бидат вработени 2700 работници, што е за 200 повеќе од минатата година.

Вработените ќе имаат право на два оброци, додаток за превоз на работа, сместување, а ќе им се исплаќаат и додатоци на платата, односно регрес за годишен одмор, додаток за Божиќ, солидарна помош и други награди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.