Хорор силување ја потресе Македонија- жртва 25 годишна девојка

zena-odbrana-siluvanje-640x428

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К. (41) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

 

На 07.06.2017 година во ПС Штип, Р.Б. (25) од Штип пријавила дека на 06.06.2017 година околу 14.00 часот В.К. (41) од Штип, со кого претходно била во љубовна врска, откако ја однел во станот на неговиот брат, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, по што насилно и ја соблекол облеката и ја присилил на сексуален однос.

После тоа со неговото возило ја однел пред едно основно училиште и и се заканил дека нема да ја остави се додека не му ги врати парите кои ги потрошил на неа, по што си заминал. Р.Б. не го пријавила настанот веднаш бидејќи се плашела за нејзината безбедност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Од страна на судски вештак бил извршен преглед над Р.Б., а исто така, над неа бил извршен и лекарски преглед во Клиничка болница Штип, каде и се констатирани тешки телесни повреди. В.К. бил пронајден и лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К. (41) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.