Хилари Клинтон повторно паѓа: Соработниците едвај ја задржаа на нозе (ВИДЕО)

Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон два пати се слизнала и замалку ќе паднела за време на посетата на Индија.

Клинтон за време на посетата на палатата Јахај Маја се слизнала слегувајќи по скалите и тоа два пати. Дури иако соработниците ја држеле, таа со тешки маки успеала да одржи рамнотежа.

Oва не е прв пат Хилари да паѓа во јавност. За време на кампањата за изборите во 2016 година неколку пати и се случи слично нешто, што го доведе во прашање нејзиното здравје, како и тоа дали таа е физички способна да биде претседателка на САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.