“Хари Локвенец и Кети Смилеска гласале “ЗА” двојазичност, Лиле Поповска не гласала”

Од 61 пратеник колку што има владеачкото мнозинство, 66 пратеници гласале „за“ законот за двојазичност во прва фаза. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека во наредниот период ќе продолжат со расправата по законот и ќе поднесат низа на амандмани.

Meѓу пратениците кои гласаа “ЗА” и дадоа поддршка за овој закон се и прилепските пратеници од редовите на СДСМ, Хари Локвенец и Кети Смилеска.

Од друга страна две пратенички од ДОМ кои се во коалиција со СДСМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин не гласаа.

Законот предвидува покрај македонскиот јазик, кој е службен на целата територија на државата, службен да е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Во сите органи на државната власт – централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации, комисии, службен јазик, покрај македонскиот, ќе биде и албанскиот. .

Инаку, законот за двојазичност е дел од пакетот од „Тиранската платформа“ која беше услов за формирање на владеачко мнозинство, која ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати, а меѓународната заедница ја издигна на ниво на клучен документ за формирање на влада.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.