Хаос во мигрантските згради во Италија-еве што не чека!? (ВИДЕО)

hqdefault

Жителите на Квинто, населба во близина на Тревизо во северниот дел на Италија, се лути што мигрантите се вселуваат во празните станови.

Додека мигрантите од Северна Африка се вселуваат во станови, локалните жители решиле да постават шатори и одбиваат да се вратат во нивните домови додека ситуацијата не се реши.

“Жалам, но немам намера да отплаќам уште 27 години хипотека, за моите деца да живеат во бегалски камп. Тоа не е во ред”, вели една жена.

Италија го носи товарот на мигрантите кои пристигнуваат преку Медитеранот од Блискиот Исток и Северна Африка.

Со националниот план на државата, договорено е мигрантите да се населат во различни региони од земјата.

Активисти и здруженија на граѓани кои се борат против доселувањето на мигранти велат дека овие луѓе не се од загрозени подрачја како Еритреа и Сирија, туку истите доаѓаат од северот на Африка, од Сенегал, Конго, …

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.