А постоеле милион можни комбинации !
Тим на хакери успеале со помош на евтин робот да го отворат сефот на водечкиот бренд поставен на сцената во Лас Вегас.
Тимот од компанијата “SparkFun Electronics” усепал да го отвори сефот за 30 минути. Роботот успеал да го смали бројот на можни комбинации од милион на само 1000, а потоа и автоматски започнал да ги пробува преостанатите комбинации, се додека не го отворил сефот.
Кога роботот ја погодил комбинацијата 51.36.91 се отворил сефот, а потоа следел громогласен аплауз на стотина хакери кои биле во публика.
” Ова е една од најстрашните работи кои сум ги направил. Многу работи може да тргнат по зло, а публиката беше бројна. Многу сме среќни што го отворивме сефот”, изјавил Натан Сидл од компанијата “SparkFun Electronics” за Би-Би-Си.
Ф.Г.