Две лица се убиени, а неколку избодени во два одводени напади во градот Мастрихт на југот од Холандија, јавуваат светските медиуми.
Сеуште не се познати околностите под кои се случиле нападите.
In Maastricht is donderdagavond iemand overleden na een steekpartij in de Botsaartstraat. Aan de Joseph Postmesstraat in Maastricht zou ook een incident hebben plaatsgevonden waar meerdere gewonden zijn gevallen: https://t.co/kR1lltU3fI pic.twitter.com/HIajmgnWZB
— 1Limburg (@1Limburg) December 14, 2017
Полицијата соопштила дека двете жртви се пронајдени во Ботсартштрат на северозападот од градот. Во другиот напад ранети се повеќе лица, а тие се пронајдени малку подалеку, кај Жозеф Постместрат.
Портпаролот на полицијата сеуште нема даено изјава за бројот на повредени лица. Не е соопштено ниту дали овие напади се поврзани.
Полицијата врши увид, а делови од градот каде се случиле нападите се блокирани.